Атлетико со ,,покер” против Џирона ја заврши сезоната (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Атлетико Мадрид ја заокружи сезоната во Ла Лига на убедлив начин, совладувајќи ја Жирона со 4-0 во последното коло и така го обезбеди третото место на табелата. Иако во првото полувреме немаше голови, „јорганџиите“ доминираа и креираа неколку сериозни шанси.

Сепак, головите пристигнаа во вториот дел. Александер Сорлот го отвори резултатот во 68. минута, носејќи му предност на Атлетико. Во самиот финиш, Клеман Ленгле погоди за 2-0 во 87. минута, а потоа Сорлот повторно се запиша двапати во листата на стрелци во судиското надополнување, комплетирајќи импресивен хет-трик.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го прескокна овој дуел поради повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани