Македонија ЃП ја зголеми предноста на врвот, Арсими се качи на второто место

by riste
1 минути читање

Денеска се одигра 27. коло во Втората македонска фудбалска лига, а најмногу профитираше Арсими кој се качи на втората позиција откако ја совлада Брегалница, а Башкими одигра само реми против Скопје.

Македонија Ѓорче Петров го победи Борец со 3-0, велешкиот тим испадна во тратата лига.

Арсими со 2-0 славеше над Брегалница, а Башкими и Скопје одиграа 1-1, тоа значеше и промена на позициите. Арсими сега е втор, а Башкими трет.

Детонит со 2-1 славеше кај Беласица, Саса со 4-2 беше подобра од Вардар Неготино. Најубедлив беше Новаци кој со 4-0 го прегази Вардарски, Охрид со 1-0 беше подобар од Кожуф, немаше голови на мечот меѓу Победа и Осогово.

Резултати:

Арсими – Брегалница 2-1
Башкими – Скопје 1-1
Беласица – Детонит 1-2
Саса – Вардар Неготино 4-2
Македонија ЃП – Борец 3-0
Новаци – Вардарски 4-0
Охрид – Кожуф 1-0
Победа – Осогово 0-0

Табела: Македонија ЃП 60, Арсими 58, Башкими 57, Брегалница 52, Oхрид 42, Детонит 40, Беласица 39, Каменица Саса 36, Скопје 35, Кожуф 33, Новаци 32, Победа 31, Вардар Неготино 30, Осогово 23, Борец 13, Вардарски 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани