Македонија гостува во пеколот во Истанбул на тест против уште еден учесник на СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација вечерва во Истанбул ќе го одигра последниот натпревар пред летната пауза, а противник ќе биде селекцијата на Турција.

По ремито против Босна и Херцеговина, избраниците на Гоце Седлоски ги очекува нов сериозен тест против учесник на претстојното Светско првенство. Турците обезбедија место на Мундијалот преку плејофот и со големи амбиции го очекуваат настапот на најголемата светска сцена.

За Македонија ова ќе биде добра можност за дополнителна проверка на силите и ново воигрување на тимот пред обврските во Б дивизијата од Лигата на нации. Во таборот на Седлоски има доста дебитанти, повратници и млади имиња, па се очекува составот да биде пак „измешан“.

Натпреварот ќе се игра на стадионот на Фенербахче, каде се очекува исполнет стадион и силна поддршка за домашната селекција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×