133
Леванте има
водство од 1-2 по првите 45 минути игра на гостувањето кај Атлетик Билбао во
мечот од редовното коло од шпанската Примера, а двата гола за тимот од
Валенсија ги постигна нашиот репрезентативец Енис Барди со што донесе пресврт
во корист на својата екипа.
Првиот гол Барди
го постигна во 42. минута, а вториот две минути подоцна, и двата од идентична
позиција од слободен удар.