„Росонерите“
продолжуваат со импресивните партии, вечерва го „прегазија“ Торино на Сан Сиро.
Пулишиќ и на
својот втор натпревар погоди, Луфтус Чик упати топка во петерецот, а репрезентативецот
на САД рутински реализираше а 1-0 во 33. минута.
Водството на
Милан сепак кратко траеше, Шурс се снајде најдобро по еден прекин и изедначи на
1-1 во 36. минута.
Но пред крајот на
првиот дел судијата досуди пенал за домаќините а Жиру од белата точка донесе
ново водство и радост за навивачите.
Во судиското надополнување
на првиот дел, Тео Ернандез ја крена публиката на нозе откако маестрално погоди
и ја префрли топката преку голманот за 3-1.
Жиру по втор пат
се запиша во листата на стрелци по дваесетина минути игра во второто полувреме,
Французинот одново реализираше од белата точка за 4-1.
Пиоли потоа
направи неколку измени, темпото на игра опадна, па тоа беше и конечниот
резултат на мечот.
Combinaison de Theão qui se termine sur un sublime piqué de Théo Hernandez.
[ @Scout7Calcio] pic.twitter.com/V9UUiKBGVS
— AC Milan – FR (@AC_MilanFR) August 26, 2023
Рома разочара и
на вториот натпревар, избраниците на Жозе Мурињо вечерва беа поразени со 2-1 на
гостувањето кај Верона.
Дуда го отвори
резултатот во 4. минута, прв стигна до една одбиена топка и го матираше Руи
Патрисио.
Во третата минута
од судиското надополнување на првиот дел, одбраната на Рома заспа, Њоњ тргна од
својата половина па немаше офсајд, и без многу мака ја затресе мрежата за 2-0.
„Волчицата“ се
врати во игра по десетина минути во вториот дел, Белоти добро се снајде и ги
задржа гостите во напад, а Ауар со глава намали на 2-1.
На пет минути пред
крајот, Верона остана со играч помалку, а веднаш потоа Рома имаше шанса за 2-2,
но обидот на Пелегрини заврши во пречката.
На гостите не им
помогнаа ниту 13-те минути судиско
надополнување за да спасат бод, па мораа да се помират со пораз.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.