Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез веќе разговарал со агентите на Мајкл Олисе, Французинот е заинтересиран за можноста да го облече белиот дрес, но само под услов Баерн Минхен да се сложи со една ваква зделка.
Флорентино Перез како дел од претседателската трка најави историска понуда и 150 милиони евра за ангажман на нов „галактико“.
Сите се убедени дека желба на Флорентино Перез е Мајкл Олисе, и доколку тој победи денеска на изборите, се очекува да биде испратена конкретна понуда во скоро време.
Новинарот Хоре Пикон објави дека луѓето на Флорентино Перез веќе оствариле контакт со агентите на Французинот, разговорите засега се водат далеку од очите на јавноста.
Рамон Алварез де Мон пак додава дека Мајкл Олисе е заинтересиран и отворен за можноста да го облече белиот дрес, но само под еден услов.
Баерн Минхен ќе треба да се сложи со една ваква зделка, односно Мајкл Олисе од почит кон „баварците“ нема да врши притисок и нема да инсистира на трансфер по секоја цена.
На оваа тема се огласи и Дидје Дешам, селекторот на Франција рече: „Само Олисе знае дали треба да остане во Минхен или да побара нов предизвик. Секако дека секој во Баерн би сакал да го задржи, но не би ме изненадило ако добие понуда од најголемите клубови. Сепак, каде и да игра, уверен сум дека ќе продолжи да го покажува својот квалитет“.