Првиот човек на
Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес е сардисан од сите страни
откако имаше скандалозен потег при доделувањето на медалите за светските шампиони
во женска кокуренција, кога ја бакна Хени Ермосо.
Огромен е
притисокот тој да поднесе оставка, фудбалерките порачаа дека повеќе нема да
играат за репрезентацијата, најголемиот дел од тренерскиот персонал реши да се
повлече, а ФИФА привремено го суспендираше на 90 дена.
На сето ова
реагираше неговата мајка, Анхелес Бехар реши да се затвори во црквата „Дивина
Пастора“ и да штрајкува со глад се додека не се најде решение за „нехуманиот и
крвав лов“ кој се спроведува кон нејзиниот син.
Таа исто така ја
повика Хени Ермосо да ја каже вистината и да ја повтори верзијата која ја даде
на почетокот од настаните.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.