Мајката на Роналдо заплака поради големиот јубилеј на нејзиниот син! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вчера Португалија со 3-2 ја победи Словачка и го завери пласманот на Европското првенство. Кристијано Роналдо погоди двапати, а за него тоа беше и 200. натпревар.

Неговата мајка не можеше да ги сокрие солзите на трибините.

Роналдо дојде до бројка од 857 голови во својата кариера, вели дека неговата нова цел е да ја мине бројката од 900.

„Нема да одам премногу напред, но целта ми е да постигнам 900 гола. Физички се чувствувам добро, нозете ме слушаат и јас добро ги третирам. Мислам дека сум способен да стигнам до 900 гола, а за 1.000 ќе треба уште многу да работам“, изјави Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×