Мајката на Мегваер: На никого не му го посакувам тоа низ кое минува Хари

by
1 минути читање

Мегваер веќе со години е навредуван и исмеван, тоа никако да помине. По неговиот автогол против Шкотска повторно се јавија истите вреѓања. Неговата мајка неможејќи веќе да издржи, јавно проговори за ситуацијата.

„Како мајка, гледањето на нивото на негативни и навредливи коментари кои доаѓаат од некои фанови, експерти и медиуми е срамно и тотално неприфатливо. Бев на трибините како и оибчно неприфатливо е што се создава од ништо. Знам дека во светот на фудбалот има подеми и падови, позитивни и негативни работи, но она што го добива Хари далеку го надмина тоа што се случува во фудбалот. За мене тоа што гледам низ што поминува не е во ред. Не би сакала да гледам други родители или играчи да поминуваат низ ова во иднина, особено младите момчиња и девојчиња кои се пробиваат денес. Хари има огромно срце и добро е што ментално е силен и може да се справи со тоа, но другите можеби нема да можат. На никого не му го посакувам ова ниво на навреди“, рече мајката на Хари Мегваер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани