66
Мајката на Рабиот е и негов агент, таа го има последниот збор кога е нејзиниот син во прашање и таа ги води преговорите. Така е и сега.
На почетокот од преодниот рок се шпекулираше дека Рабио може да се врати во ПСЖ, но очигледно францускиот шампион не е многу заинтересиран за тоа.
Последните информации велат дека веќе некое време Монако е во директен контакт со мајката на Рабио, но допрва треба да почнат преговори со Јувентус.
Се верува дека оваа зделка е многу реално да се реализира со оглед на големата желба на Јувентус да се ослободи од Рабио.