588
Мајк Дин за кратко време додели два контроверзни црвени картони, најпрво беше исклучен Јан Беднарек од Саутемптон а потоа и Томас Соучек од Вест Хем. Во двата случаи картоните подоцна беа поништени.
Во изминатите денови Мајк Дин добивал смртни закани од навивачи на Саутемптон и Вест Хем.
И фамилијата на Мајк Дин била мета на навреди на социјалните медиуми. Сите закани и навреди се пријавени во полуција.
Одлучено е и покрај сето ова тој да го суди натпреварот во среда од ФА Купот меѓу Лестер и Брајтон, но да паузира едно коло во Премиерлигата.