Маестро: Ла Лига не ги заборава мајсториите на Барди (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска го прославува својот 30-ти роденден, а честитки за јубилејот пристигнаа и од шпанската Ла Лига, каде што Барди остави силна трага како дел од Леванте.

Во периодот од 2017 до 2022 година, Барди беше едно од најпрепознатливите имиња во тимот од Валенсија, а особено внимание привлекуваше со својата прецизност при изведување слободни удари. Во дресот на Леванте постигна неколку спектакуларни голови од прекин, со што стана миленик на навивачите.

По тој повод, официјалниот профил на Ла Лига објавија кратко видео во кое го истакнуваат токму овој сегмент од неговата игра, нарекувајќи го „маестро“ за слободни удари.

Барди моментално е без клуб, откако се раздели со турскиот Бодрум, а во својата кариера настапуваше уште за Шкупи, Ујпешт, Брондби и Трабзонспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×