Маестралниот Кејн ја спаси Англија, тешка победа над Конго! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Англија со два гола на Хари Кејн во второто полувреме го победи Конго со 2-1 и се пласираше во осминафиналето од Светското првенство.

Натпреварот почна шокантно за Англичаните, Кипенга постигна гол за водство на Конго од 1-0 уште во седмата минута.

Англичаните напаѓаа за да дојдат до израмнување, но не успеваа. На спротивната страна Конго се обидуваше преку контра напади да го загрози голот на Пикфорд.

Многу лесно можеше да се случи да поведат и со 2-0, но ја погодија стативата.

Англија израмни во 75. минута кога по асистенција на Гордон, Кејн биеше со глава за израмнување на 1-1.

Десет минути подоцна Гордон повторно додаде до Кејн, а тој мајсторски си направи простор и упати прецизна бомба за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Англичаните ја сочуваа предноста и се израдуваа на победа и пласман во осминафинале.

Следен противник на Англија е Мексико кој има четири победи од исто толку натпревари на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×