Во паузата за репрезентации Наполи реши да направи тренерска промена, на местото од Руди Гарсија го назначи Валтер Мацари кој се враќа на кормилото по десет години.
Пресудно за Мацари да ја добие работата е тоа што прифати договор само до крајот на оваа сезона.
Де Лаурентис прво разговараше со Тудор, но тој бараше двегодишен договорот и поради тоа испадна од трката.
Цврстиот став на Де Лаурентис за договор до крајот на сезоната, многумина го толкуваат дека ова е само привремено тренерско решение, а претседателот на Наполи за следната сезона на ум им друг тренер.
Се шпекулира дека тоа е Антонио Конте кој обично не прифаќа работа среде сезона.
Де Лаурентис и Конте имаа неколку состаноци во изминатиот период, претседателот на Наполи не го убеди стратегот сега да го преземе тимот, но се верува дека е оставена можност тоа да се случи по крајот на оваа сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.