Интер одлично го
почна натпреварот, постигна гол по само 90 секунди кој сепак беше поништен
поради офсајд. Нападите продолжија и гостите капитулираа во 10. минута откако „нероаѕурите“
одиграа една одлична акција.
Лаутаро остави со
пета за Лукаку, кој потоа двојно проигра со Ериксен и биеше за 1-0. Во 32. минута,
следуваше нов убав напад, Лукако додаде до Кандрева кој пак му сервираше топка
на осамениот Лаутаро за 2-0.
На почетокот од
второто полувреме, Сампдорија намали на 2-1, по еден корнер Торсби најдобро се
снајде и реализираше за 2-1. Интер немаше идеја во продолжението, па гостите се
обида да стигнат до бод, имаа неколку добри прилики но не успеаја по втор пат
да го матираат Хандановиќ.
Со оваа победа,
Интер сега има -6 во однос на лидерот Јувентус на 12. кола до крајот на
сезоната.
На првиот денешен
натпревар, Аталанта немаше многу проблеми со Сасуоло и славеше со 4-1.