Лукас Ернандез размислувал за крај на кариерата по тешката повреда против Австралија

by
1 минути читање

Лукас Ернандез ги повреди лигаментите на коленото против Австралија, не само што за него заврши Светското првенство, дефанзивецот ќе го пропушти и преостанатиот дел од сезоната.

Како што пренесува Л’Екип, по новата тешка повреда, моралот кај Французинот бил на многу ниско ниво, па тој дури размислувал и за крај на кариерата на 26 години.

Сепак, откако му била извршена операцијата, и добил поддршка од семејството и пријателите, Лукас Ернандез решил да не повлекува драстичен чекор и да продолжи да игра фудбал, дури се шегувал и дека ќе се врати на мундијалот во Катар.

Во меѓувреме, неколку извори пренесуваат дека Баерн Минхен нема да ги сопре преговрите за продолжување на соработката, тие ќе продолжат и идејата е  во следните месеци да се постигне согласност со Лукас Ернандез за нов договор.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×