92
Наполи и Лукаку ќе се разделат по крајот на сезоната поради нарушен однос кој го предизвика напаѓачот пред извесно време.
Односот меѓу двете страни е комплетно нарушен откако Лукаку пропушти тренинг и без дозвола од Наполи остана во Белгија да се опоравува од повредата.
Фудбалерот до крајот на сезоната ќе биде надвор од тимот, а на лето ќе биде продаден.
Лукаку има договор со Наполи до јуни 2027 година. Неговата вредност на пазарот во моментов според „Трансфермаркт“ изнесува само 12 милиони евра.