Лукаку во Интер ја отвара вратата за изненадувачки трансфер на Џеко, Босанецот се поврзува со Реал и Јувентус

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку
сака да се врати во Милано, Челси е подготвен да му ја исполни желбата, па
„сините“ седнаа на маса со Интер. Се говори дека клубот од Стемфорд Бриџ побарал
15 милиони евра за едногодишна позајмица, додека пак „нероаѕурите“ понудиле 10
милиони евра.

Разликата не е
голема, и се очекува во следните денови да биде постигнат компромис за Ромелу
Лукаку одново да го облече дресот на Интер.

Паралелно се водат
и преговори со Пауло Дибала, кој начелно се има договорено со Интер и се
пеглаат последните детали од неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“.

Со комплетирање
на овие две зделки, Интер ќе треба да се ослободи од некого во нападот и
многумина потенцираат дека тоа ќе биде Един Џеко.

Според Марка,
Босанецот е во бележникот на Реал Мадрид и „кралевите“ размислуваат да го
ангажираат како замена за Карим Бензема.

Спортмедиасет пак
пишува за уште една изненадувачка дестинација и трансфер во Јувентус, Един Џеко
во Торино ќе биде замена за Душан Влаховиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани