142
Ромелу Лукаку
треба да се врати во Челси на 12/13 јули, ова го најави Маурисио Покетино на
првата прес конференција како тренер на „сините“.
Но како што
пишува Телеграф, напаѓачот нема да се пријави на подготовките за новата сезона
и ќе го продолжи одморот бидејќи чека да биде договорен трансфер.
Клубови од
Саудиска Арабија и Јувентус опипуваат терен за ангажман на Ромелу Лукаку, но
фудбалерот од Белгија сака само преселба во Интер и се надева дека наскоро ќе
биде постигнат компромис.
Се шпекулира дека
„нероаѕурите“ ќе достават нова понуда од 30 милиони евра, која со бонуси ќе се
искачи до 40 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.