Први проблеми за
Ромелу Лукаку по враќањето во Серија А, напаѓачот вчера заработи повреда а тестовите
денеска покажале дека настрадал бутниот мускул на левата нога.
Во соопштението
на Интер се вели дека напаѓачот следната недела ќе направи нова серија тестови,
па јасно е дека тој нема да игра против Кремонзе, ќе го пропушти градското
дерби со Милан и ќе го прескокне првиот натпревар од Лигата на шампиони и
пресметката со Баерн Минхен.
Но медиумите од Италија
пишуваат дека повредата не е наивна и големи се шансите Ромелу Лукаку да биде
надвор од стројот до крајот на септември и на терените да се врати на почетокот
од октомври кога Интер се среќава со Рома.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.