Лукаку е блиску до враќање во Интер, а Тухел ја имал клучната улога

by
1 минути читање

По одличната сезона во Интер, Лукаку реши да ја прифати богатата понуда од Челси и да се врати во Премиерлигата, но брзо се покаја.

Лукаку не ја пренесе добрата форма од Интер и во Челси, беше депресивен сакајќи да се врати во Италија, а тоа се одразуваше на неговите игри.

Го загуби стартното место во составот на Челси и како одминуваше сезоната имаше се помала минутажа.

Лукаку разговарал со Тухел, Германецот видел дека тој очајно посакува да се врати во Интер и сфатил дека нема да има ефект ако го држат во Челси.

Тој го убедил новиот сопственик Тод Бели дека подобро е Лукаку да се врати на позајмица во Интер, со што ја одиграл клучната улога за почеток на преговорите меѓу двата клуба.

Иако се уште нема договор, информациите велат дека на добар пат е тој да биде постигнат и наскоро да биде објавено дека Лукаку се враќа во Интер на едногодишна позајмица од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×