Луиз ја презеде одговорноста: Сево ова беше моја вина, тимот функционираше одлично

by
2 минути читање

Ништо не е
загубено за Арсенал во обидите за излез во Европа идната сезона, меѓутоа на „Топчиите“
синоќа им се случи Давид Луиз, велат подобро ќе беше и за самото дерби кај
Манчестер Сити Бразилецот воопшто да не влезеше во игра.

Две повреди на
Џака и Мари во серија веројатно целосно ги променија замислите на Артета, кој
до 24. минута мораше да направи две принудни измени, а во втората во игра влезе
токму Луиз.

Бразилецот
најпрво кон финишот на првиот дел имаше катастрофална реакција по што овозможи
сто процентна прилика за гол за Стерлинг, кој истата ја искористи, за веќе по четири
минути игра во вториот дел да направи прекршок за пенал над Марез, кој во гол
го претвори Де Брујне, и не само тоа, Луиз поради тој прекршок доби директен
црвен картон.

Давид Луиз подобро да не влезеше: Подари гол, направи пенал и доби црвен па Сити лесно славеше (ВИДЕО)

Нема дилеми дека
Бразилецот и кумуваше на убедливата победа од 3-0 на „Граѓаните“, фановите на
Арсенал вријат по социјалните мрежи, а тој ја презеде одговорноста за поразот,
наведувајќи дека неговите соиграчи немаат никаква вина, туку самиот тој.

Тимот не е виновен
за сево ова, вината е моја
“ призна Луиз по мечот, меѓутоа извесно е дека
ситуацијата со неговиот договор кој истекува токму овој месец дополнително му
создава проблеми, инаку во истиот има и опција за дополнителни 12 месеци.

Јас донесов
одлука да играм, веројатно би требало да донесам друга одлука во изминативе два
месеци, истата не ја донесов. Денеска тимот играше добро, посебно откако
останавме со 10 играчи на теренот, тренерот е неверојатен, сите фудбалери беа
на висина на задачата, но сево ова беше моја вина
“ додаде 33 годишниот стопер
на Арсенал.

Како и да е,
ништо не е загубено за Арсенал сезонава, Манчестер јунајтед на петтата позиција
на табелата, за излез во Лига Европа идната сезона има предност од пет бодови,
кои секако се достижни на девет кола до крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×