Борусија Дортмунд
го ангажираше Себастијан Але како наследник на Ерлинг Халанд и за неговите
услуги плати 31+4 милиони евра, што беше ркордна сума за клубот од „Сигнал
Идуна Парк“.
Сепак, пред само
неколку дена беа соопштени лоши вести, на Себастијан Але му е дијагностициран
рак на тестисите.
Допрва ќе се
прават серија тестови по кои ќе се добие појасна слика кога и дали напаѓачот ќе
се врати на терените, но јасно е дека Борусија Дортмунд ќе треба да бара нов
голгетер.
И додека се чека информација
за тоа дали ќе биде потребно краткорочно решение или долгорочно, медиумите од
Германија пренесуваат дека многу играчи му се понудени на спортскиот директор
Себастијан Кел.
Скај Германија
пренесува дека Луис Суарез е еден од тие кои ги понудиле своите услуги.
Уругваецот може
да пристигне беспари, неговиот договор со Атлетико Мадрид истече на крајот од
јуни и во моментов тој е без клуб.