Од врвот до дното
за неколку часа, ова беше приказната на Луис Суарез на синоќешниот натпревар
помеѓу Алмерика и Гранада.
Колумбиецот влезе
во историјата откако во финишот на првиот дел три пати ја тресеше мрежата на
противникот во период од 5 минути и 25 секунди и го постигна третиот најбрз хет-трик
во Ла Лига.
Но на десетина
минути пред крајот на натпреварот, тој се повреди и со носилки го напушти
теренот, а деталните прегледи донесоа лоши вести, Луис Суарез заработил фрактура
на ногата и ќе паузира со месеци.
За маката на
Алмерија да биде поголема, остана само со бод, откако гостите направија кам-бек
и со голот на Узуни во 86. минута се изборија за 3-3.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.