Луис Суарез открива: Пијам три апчиња и си удирам инекција пред натпревар за да можам да играм!

by
1 минути читање

Уругваецот е под договор со Гремио до крајот на 2024, но соработката предвреме ќе биде прекината со цел напаѓачот да се пресели во Интер Мајами, кај неговиот добар пријател Лео Меси.

Но останува да се види колку долга ќе биде авантурата на Луис Суарез во САД, голгетерот откри дека пие апчиња и удира инекција пред натпревар за да може да игра.

Тој влече стара повреда на коленото, која не успеал целосно да ја санира поради пандемијата со ковид-19, па има доста проблеми со мобилноста на ногата.

„Вечерта пред натпервар пијам три апчиња, а непосредно пред самиот натпревар си удирам инекција Волтаран (анти-инфламатор), во спротивно нема да можам да играм“ – открива Луис Суарез.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×