Луис Енрике воведува правило кое можеби нема да им се допадне на сите играчи на ПСЖ!

by
1 минути читање

Во ПСЖ фудбалерите беа поделени на кланови, а тоа влијаеше за лошата атмосфера во клубот која резултираше со неостварување на целите на теренот. Хемијата меѓу играчите е постојан проблем во богатиот француски клуб.

Французите беа еден клан, тие од шпанското говорно подрачје друг клан, останатите трет…

Луис Енрике сака да работи на поголема кохезија во тимот и смета дека сите кои доаѓаат во клубот мора да научат француски, преговори за тоа нема.

„Јасно е и нема разговори за тоа дека сите кои доаѓаат во клубот мора да го научат јазикот на земјата од која е клубот“, вели Луис Енрике.

Не само во ПСЖ, туку во многу други клубови се случува одредени фудбалери да одбиваат да зборуваат на јазикот на земјата во која играат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани