ПСЖ летото остана без Килиан Мбапе кој се реши да замине бесплатно во Реал Мадрид. Француската ѕвезда по долгата сага замина по истекот на договорот, а тогаш тренерот Луис Енрике не беше многу загрижен.
Шпанецот и тогаш коментираше дека ќе бидат подобри без Мбапе, а сега изнесе и факти за такво нешто, повторно потврдувајќи го тврдењето.
„Бев многу храбар кога реков дека ќе имаме подобар напад и подобра одбрана без Килиан Мбапе. Уште го тврдам тоа, а сега и бројките го докажуваат. Цел свет го сакаше Мбапе, ама тимот одговори позитивно на неговото заминување. Сега играме на спектакуларно ниво. Јас сакав да гледам повеќе стрелци во тимот и сега го добив тоа. Мојот тим е позрел од меч во меч“, заклучи Енрике.
Парижани рутински во Лига 1 се лидери со десет бода повеќе од конкуренцијата, но во Лигата на шампионите имаа проблеми и ќе мораат да играат плеј-оф пред осминафиналето.