Сапуницата околу
тоа дали ќе си замине или остане во Барселона со Лионел Меси се чини дека
доживеа разрешница, Аргентинецот останува на „Камп Ноу“ и тоа најмногу поради
административни пречки.
Спорната и
контроверзна клаузула која Каталонците ја наведуваа постојано е главната
причина која и самиот Меси ја наведе во реакцијата, меѓутоа тој во изјавата
додаде и дека во ваква ситуација ќе го дава максимумот за клубот.
Како и да е,
пристигнуваат реакции од повеќе страни за ситуацијата со Меси, а коментар на
таа тема има и Луис Енрике, тој својот коментар го даде за време на
пресконференцијата на шпанската фудбалска репрезентација.
„Ова е навистина
комплицирана тема, не знам дали воопшто би требало да коментирам…“ беа првите
зборови на шпанскиот селектор кој потоа дополни отворено.
„Сметам дека
клубовите се поголеми од било која индивидуа, Барселона е еден од најголемите
клубови во светот, со многу титули зад себе, очигледно е дека имаат чудесна
конекција обете страни, Лео ја направи Барса толку брзо да се развие во тоа што
беше, најмногу благодарение на неговите перформанси, навистина ми се допаѓа
доколку постојат согласност“ додаде Енрике.
„Порано или
подоцна, Меси ќе сопре со играњето во дресот на Барселона, би било добро тоа
кога ќе се случи да биде пријателски, ќе биде чудно кога ќе дојде денот за
такво нешто, но клубот ќе продолжи да освојува титули и без Меси, исто како и
тоа што Меси и натаму ќе биде неверојатен доколку си замине“ заклучи поранешниот
шеф на стручниот штаб на Каталонците.