Луис Енрике сака да го замени Мбапе со фудбалер на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Медиумите од Шпанија шпекулираат дека Луис Енрике го побарал Родриго од Реал Мадрид како наследник на Килијан Мбапе.

По одлуката на Килијан Мбапе да не стави потпис на нов договор со ПСЖ, почнаа да кружат многу гласини за тоа кој ќе го наследи напаѓачот во Париз.

Низ медиумите најчесто кружеа имињата на Рафаел Леао, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.

Но последните информации од Шпанија велат дека Луис Енрике го побарал Родриго од Реал Мадрид.

Бразилецот би можел да стане „вишок“ на Бернабеу по пристигнувањето на Килијан Мбапе и Ендрик, па често се пишува за негов трансфер и покрај тоа што напаѓачот постојано истакнува дека е среќен во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани