Луис Енрике имаше мал испадна на средбата со медиумите по поразот на ПСЖ од Арсенал, порача дека нема намера да ја објаснува тактиката зошто и онака новинарот нема да ја разбере.
Шпанецот оваа недела се најде во фокусот поради одлуката да го отстрани Осман Дембеле од тимот поради дисциплински причини.
Напаѓачот е еден од најдобрите играчи на ПСЖ на стартот од сезоната, па многумина беа изненадени што тренерот повлекол ваков потег пред голем натпревар против Арсенал во Лигата на шампиони.
Па по поразот од „топчиите“, неизбежни беа прашањата за отсуството на Осман Дембале.
Луис Енрике сепак одби да го коментира ова, ниту пак сакаше да каже кога Французинот ќе се врати во тимот.
А кога доби прашање да ја објасни тактиката против Арсенал, тој дрско му порача на новинарот: „Не, немам намера да ја објаснувам мојата тактика, бидејќи ти и онака нема да ја разбереше“.
Треба да корегираме многу работи, но нема да ти објаснувам на тебе“.