Луис Енрике го потврди заминувањето на Мбапе: Неговата иднина не е тука!

by
1 минути читање

Официјално соопштение за заминување на Мбапе засега нема, па секоја изјава од официјално лице од клубот дава тежина.

„Очигледно иднината на Килијан Мбапе нема да биде тука, па ќе треба да тестираме тактики со други играчи“, рече Луис Енрике по вчерашниот меч.

Мбапе го одигра целиот натпревар против Реал Сосиедад и постигна два гола, но беше изваден на полувремето во викенд дуелот од Лига 1.

Се очекува до крајот на сезоната во француското првенство Мбапе често да има скратена минутажа, но веројатно во натпреварите од Лигата на шампионите ќе биде максимално користен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани