Ремито без голови меѓу Шпанија и Зеленортските Острови во првото коло од групата Х на Светското првенство веќе се смета за една од најголемите сензации во историјата на Мундијалите.
Освен што предизвика разочарување кај шпанските навивачи, неочекуваниот резултат скапо го чинеше и еден обложувач кој верувал во сигурна победа на европскиот фаворит.
Според објавените информации, анонимен корисник на платформата „Polymarket“ вложил дури еден милион долари на триумф на Шпанија. Доколку „црвената фурија“ ги освоеше трите бода, неговата добивка ќе изнесувала 1.085.943,48 долари, односно нешто повеќе од 85.000 долари профит.
Сепак, огромниот ризик не му се исплатил. Цврстата и дисциплинирана игра на фудбалерите на Зеленортските Острови донесе големо изненадување и го остави обложувачот без вложениот милион долари.
🚨BREAKING: Someone just put $1M on Spain to WIN their match vs Cape Verde today
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 15, 2026
This pays out is $1,085,943.48 on Polymarket pic.twitter.com/7ODo3dJ7Pl