Лудо лондонско дерби, Челси со двајца играчи повеќе го победи Тотнем! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем имаше идеален почеток на натпреварот, со гол на Кулушевски поведе со 1-0 уште во шестата минута од натпреварот.

Мечот беше конфузен, полн со тензија, а ВАР интервенираше толку многу што можеби и најмногу на еден меч од Премиерлигата. Продолжение на првото полувреме имаше 12 минути, а на второто девет.

Во 35. минута Палмер погоди од пенал за израмнување на 1-1. Прекршокот го направи Ромеро кој доби директен црвен картон.

По десет минути игра во второто полувреме Тотнем остана со девет фудбалери откако Удоги доби втор жолт картон. 

Челси се мачеше да дојде до водство иако имаше двајца играчи повеќе. Конечно успеа да погоди Џексон во 75. минута за водство од 2-1.

Во 94. минута Сон влезе во идеална шанса за израмнување, не погоди, а во контра напад Џексон даде уште еден гол за 3-1, a некоја минута подоцна му даде уште еден гол на расформираниот Тотнем за негов хет-трик и конечна победа од 4-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×