Лудо дерби, Барселона пак го победи Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона со 4-3 го совлада Реал Мадрид и дојде на чекор до заверка на титулата во Ла Лига, сега на три кола имаат дури седум бодови пред кралскиот клуб.

Натпреварот почна идеално за Реал Мадрид, по пет минути игра Мбапе погоди од пенал за водство од 1-0, а веќе во 14. минута Французинот даде уште еден гол за водство и од 2-0.

Но, до крајот на првото полувреме Барселона не само што водеше, туку имаше предност од два разлика.

Гарсија намали на 2-1, а Јамал реализираше за израмнување на 2-2. Следуваше гол на Рафиња за комплетен пресврт и водство на Барса од 3-2, Бразилецот даде гол и за 4-2.

Во второто полувреме Мбапе комплетираше хет-трик, Реал Мадрид намали на 4-3, но тоа беше се што направија белите.

Во петтата минута од судиското продолжение Фирмин Лопез даде гол кој му беше поништен поради играње со рака.

Барселона веќе може да ја слави титулата иако таа уште не е и теоретски заверена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани