Лудница на трибините, навивач на Саутемптон славеше со вештачка нога во вис! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Саутемптон навивач

Фудбалот често носи луди сцени, така беше и вечерва на трибините на „Сент Мерис“, каде еден навивач на Саутемптон се радуваше на гол со вештачка нога крената во вис.

Саутемптон е вториот патник на Вембли и финалето во плеј-офот во Чемпионшип, „светците“ вечерва со 3-1 го победија ВБА и закажаа пресметка против Лидс за враќање во Премиерлигата.

На трибините имаше огромно славје, а еден навивач се погрижи за луда и незаборавна сцена.

Голот за водство од 1-0 тој го славеше со вештачка нога во вис, ја вртеше и креваше како да е најобичен реквизит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани