2,5K
Бразилецот Нејмар пред неколку дена го комплетираше своето враќање во Сантос каде што сите со нетрпение го чекаат неговото деби.
Изненадување беше одлуката на Нејмар да се врати во клубот каде што ја започна кариерата, а тоа донесе огромна еуфорија.
Претседателот на клубот Марсело Тешира објави дека во само неколку дена клубот добил над 20.000 нови членови и така за првпат ја надминале границата од 70.000 членови.
Стадионот „Вила Белмиро“ има капацитет од 16.000 гледачи и јасно е дека тоа е премалку да ги прими сите кои сакаат да го видат Нејмар на второто деби во дресот на славниот бразилски клуб.
„Ефектот Нејмар“ може да се види и на социјалните каде што Сантос доби над 500.000 нови следбеници.