197
Њукасл одигра одличен натпревар и храбро се носеше со фаворитот, но трите бода останаа на Енфилд.
Во 38. минута Исак постигна гол за Њукасл за водство од 1-0, тоа беше погодок на неговото деби за англискиот тим.
Ливерпул успеа да изедначи преку Фирмино во 61. минута од натпреварот, по асистенција од Салах.
И кога се чинеше дека ќе нема победник на овој натпревар, по една мешаница од корнер, најдобро се снајде Карваљо кој постигна гол во 98. минута за победа на Ливерпул од 2-1.