Луди сцени во Бразил: Фудбалерите на Бока се тепаа со полиција, фрлаа огради! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тоа беше натпревар од осминафинале во Копа Либертадорес. Атлетико Минеиро на пенали го доби дуелот со Бока јуниорс, а на гостите со контроверзна одлука им беше поништен гол кој можеше да биде клучен на мечот.

По крајот на натпреварот на теренот се случи тепачка меѓу двата тима, која се прели и во ходниците од стадионот.

Фудбалерите на Бока се пресметуваа и со полицијата и обезбедувањето на стадионот, фрлаа и огради, нешто што ретко се гледа на фудбалски мечеви од високо ниво.

На крајот полицијата уапсила осум фудбалери на Бока јуниорс, па по реакција на амбасадорот на Аргентина играчите биле пуштени за да се вратат во својата земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани