Луди сцени: Ају го „патосираше“ судијата, Варди притрча и свирна со свирчето (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање

Луди сцени на натпреварот помеѓу Лестер и Саутемптон, судијата Дејвид Веб беше „патосиран“ по еден судар со Џордан Ају, а Џејми Варди притрча го зема свирчето и свирна за да ја стопира играта.

Пресметката помеѓу Лестер и Саутемптон донесе ситуација која ретко се гледа на фудбалските терени, главниот судија Дејвид Веб мораше предвреме да се упати во соблекувална.

Домашниот фудбалер Џордан Ају ненамерно со рамо го закачи судијата во глава и го „патосираше“.

Џејми Варди беше еден од првите кои притрчаа, веднаш го зема свирчето и свирна за ја стопира играта.

На судијата Дејвид Веб десетина минути му се укажуваше лекарска помош, а откако не ги помина протоколите за потрес на мозокот, мораше да биде заменет со четвртиот судија Сем Барот.

Пред да се случат овие луди сцени, Џејми Варди донесе водство за Лестер од 1-0 со својот 199. погодок во дресот на „лисиците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани