317
Бреша вечерва го пречека Интер, а Марио Балотели играше против клубот кој му укажа шанса да дебитира во најсилното првенство на Италија.
Проблематичниот напаѓач имаше добра можност против својот поранешен клуб да го постигне вториот гол по враќањето во Серија А. Во неколку луди секунди Самир Хандановиќ со одличен рефлекс не му дозволи и спречи на гол линијата, за потоа во вториот обид, самиот напаѓач добро да се избрука и да ја прати топката на трибини.