Луда сума за еден тинејџер, Милан откри каков договор на маса имал Донарума

by
2 минути читање

Тинејџерот во
четвртокот, преку агентот Мино Рајола, го извести Милан дека нема да стави
потпис на нов договор, па на неговата авантура во Милан и се ближи крајот.

Милан посакуваше
Џиџо Донарума да биде столбот околу кој ќе се гради тимот во иднина, и
„Росонерите“ направиле големо финансиско жртвување за да го задржат голманот.

„Сакавме да го
направиме симбол на Милан и нашите фанови
– вели спортскиот директор Масимо Мирабели. „Еден ден ќе ја
добиеше и капитенската лента
.

„Финансиската
понуда беше енормна ако се земат во предвид неговите години и ситуацијата на
Милан
.

„На маса имаше
пет годишен договор вреден 25 милиони евра, што значеше дека клубот ќе трба да
исплати бруто плата поголема од 50 милиони евра
.

Со плата од 5
милиони евра по сезона, Џиџо Донарума ќе беше најплатен фудбалер во Милан, а веројатно и
најплатен тинејџер во светот на фудбалот.

Голманот исто
така ќе беше еден од најплатените играчи во Серија А, во Калчото со поголеми
плати можат да се пофалт само неколку играчи, како Гонзало Игуаин, Даниеле Де
Роси и Пауло Дибала, кој пред некој месец стави потпис на нов договор.

Само за споредба,
легендата Џиџи Буфон има плата помеѓу 4 и 4,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани