Луда приказна: Играјќи за аматери го исфрли клубот во кој е вработен!

by Стефан
1 минути читање

Куп-натпреварите ширум Европа секогаш носат посебна магија и моменти кога аматерите им парираат на професионалците, а понекогаш и ги победуваат. Една таква фудбалска бајка доаѓа од Холандија, каде четвртолигашот Хоогевеен направи вистинско чудо, елиминирајќи го Емен, клуб со богато прволигашко искуство кој денес настапува во втората лига.

Но, она што ја прави оваа приказна навистина неверојатна е еден човек кој ги поврзува двата клуба.

Имено, Гершом Клок (35), фудбалерот кој ги одигра сите 90 минути и го исфрли Емен од Купот, работи токму во истиот тој клуб! Имено, тој од љубов кон фудбалот настапува за аматерскиот Хоогевен, додека во секојдневието е дел од стручниот штаб на Емен како кондиционен тренер. Така, овој искусен дефанзивец буквално го елиминираше сопствениот работодавач.

„Ова е историски момент за клубот и горд сум што сум дел од него“, изјави Клок за „ЕСПН“ по натпреварот.

Интересно е што токму со Емен пред неколку години настапи во најсилниот ранг на холандскиот фудбал и одигра 17 натпревари во сезоната 2018/19. По заминувањето од клубот, следуваа пет сезони во пониските лиги, а летово реши да се приклучи на Хоогевеn.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×