Луд натпревар на Мапеи, Јуве водеше со 0-2, па прими три гола и се спасуваше од пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По ремито со
Аталанта, Јувентус вечерва одигра нерешено и со Сасуоло. За разлика од мечот против „нероаѕурите“ од Бергамо, избраниците на Сари сега одлично го отворија мечот,
поведоа со голот на Данило во 5. минута, а веќе во 12. минута имаа предност од
0-2 со погодокот на Алекс Сандро.

Сепак, Сасуоло не
се предаде, домаќините намалија по половина час игра, Ѓуриќиќ го совлада Шчесни
за 1-2. На стартот од вториот дел, Берарди изедначи на 2-2 а 180 секунди
подоцна, Капуто донесе 3-2 и пресврт.

Сепак, десет
минути подоцна, Алекс Сандро реализираше за 3-3. До крајот на мечот, двете екипи
имаа шанси да ги однесат трите бода, но мрежите мируваа.

Лацио направи нов
кикс и одигра само 0-0 против Удинезе, Рома со 2-1 ја совлада Верона, а
Фиорентина со 1-3 славеше на гостувањето кај Лече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×