Луд меч во Софија, Унгарија со гол во 97. минута се пласираше на ЕП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Унгарија ѝ беше потребен само бод за пласман на континенталниот собир, а до него дојдоа на исклучително драматичен начин.

Адам во 10. минута донесе водство за Унгарија, но 14 минути подоцна Делев изедначи на 1-1. Седум минути подоцна Бугарите останаа со играч помалку откако Антов заработи втор жолт картон.

Во 57. минута силите беа израмнети откако Керкез заработи втор жолт картон.

Во 79. минута Десподов даде гол од пенал и Бугарија поведе со 2-1. Овој резултат ѝ одговараше на Црна Гора.

Кога се чинеше дека Бугарија ќе дојде до првата победа во квалификациите, по едно нафрлување од слободен удар во 97. минута Петков си постигна автогол за конечни 2-2.

Со овој резултат можеше да почне славјето на Унгарците за учеството на Европското првенство.

×