Луд меч со седум гола на Олд Трафорд и победа на Јунајтед над Ливерпул во 120. минута! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Јунајтед почна подобро, со гол на Мектоминеј во 10. минута дојде до водство од 1-0.

Но со голови на Мекалистер и Салах во финишот од првото полувреме, Ливерпул го сврте резултатот и поведе со 2-1.

Тој резултат беше актуелен сѐ до 87. минута кога Антони постигна гол за израмнување на 2-2. Тоа беше и конечниот резултат по 90 минути игра па натпреварот отиде во продолженија.

Во 105. минута Елиот постигна гол и го врати водството на Ливерпул, сега од 3-2.

По седум минути игра во второто продолжение Рашфорд постигна погодок за израмнување на 3-3.

Се очекуваше дека пеналите ќе го решаваат победникот, но по една брза контра во 120. минута Диало постигна гол за победа на Манчестер јунајтед од 4-3.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани