Откако Роберто
Манчини на големо изненадување си поднесе оставка, Фудбалската федерација на
Италија реагираше брзо и го назначи Лучано Спалети за нов селектор на
„аѕурите“.
„ФФИ може да
соопшти дека се договори со Лучано Спалети, кој ќе почне со работа на 1. септември“
– гласеше известувањето.
Стратегот ќе
дебитира на клупата на Италија против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2024
година.
Но „аѕурите“ може
да имаат проблематични подготовки за овој натпревар, се очекува Наполи да го
тужи стратегот.
Лучано Спалети по
освоеното Скудето побара да одмори една година, Наполи му ја исполни желбата но
се заштити со клаузула од 3 милиони евра во случај тренерот да реши предвреме
да му се врати на фудбалот (секој месец оваа сума се намалува за 250.000 евра).
ФФИ одби да ја
плати сумата, а ниту Лучано Спалети го стори тоа, тие инсистираат дека
клаузулата важи само за клубови кои се ривали на Наполи.
„Наполитанците“ веруваат
дека клаузулата важи за сите, па судот ќе биде тој кој ќе пресече кој е во право.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.