65
Хрватот не е
многу омилен помеѓу навивачите на Ливерпул, но вчера по подолго време доби
пофалби откако во 94. минута донесе победа на гостувањето кај Барнли.
Дефанзивецот реагираше
одлично по нафрлувањето на Окс, а неговиот удар само беше потврден во погодок
од страна на Клаван на гол-линијата.
Но пред да стане
херој, Дејан Ловрен беше исмејуван на социјалните мрежи за еден потег на
средината од второто полувреме.
Во обид да расчисти, Хрватот ја заглави топката на кровот на Трф Мур, нешто што
ретко се гледа во Премиерлигата и обично е ситуација типична за селските лиги.