Лоши вести за Милан, Жиру се повреди на меч за Франција!

by
1 минути читање

Лоши вести пристигнуваат за Милан од паузата за репрезентативни натпревари, Жиру го повреди зглобот на левата нога.

Тој беше во стартниот тим на Франција за мечот против Република Ирска, но остана во игра до 27. минута кога мораше да биде изваден поради повредата.

Беше заменет од играч на Интер, Маркус Турам.

По репрезентативната пауза се игра големото градско дерби меѓу Интер и Милан.

Жиру има фантастичен старт на сезоната во Серија А, постигна четири гола на три натпревари. Негово отсуство би било хендикеп за Милан против гратскиот ривал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани