126
Бонавентура заработи повреда на тетивата на левиот бутен мускул која треба да се санира со операција. Докторот предвидува пауза од четири месеци што значи дека сезоната за фудбалерот е завршена.
„Мислам дека тој ќе се врати следната сезона“ – изјави Др. Сакари Орава за Газета дело Спорт.
„Доколку нешто неочекувано не се случи за време на операцијата, тој би требало да се врати за четири месеци“.
„Сум оперирал и други спортисти, за ваква повреда тој е периодот за рехабилитација. Во фудбалот не смеат да се прават брзи враќања на теренот“.