36
Реал Мадрид го договори најголемиот трансфер ова лето, откако постигна целосен договор со РБ Лајпциг за ангажман на крилниот напаѓач Јан Диоманде.
Според најновите информации, „кралевите“ ќе платат повеќе од 100 милиони евра за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска. Се работи за крилен фудбалер кој важи за еден од најголемите млади таленти во европскиот фудбал.
Диоманде ќе отпатува во Мадрид во текот на неделава, каде ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи, по што ќе стави потпис на договор со важност до јуни 2031 година.
Со овој потег Реал Мадрид продолжува да инвестира во младите фудбалски ѕвезди, а Диоманде ќе биде едно од најголемите засилувања за новата сезона.